Величествените илустрации на уметникот Гистав Доре на „Гарванот“!

„Гарванот“ на Едгар Алан По е една од најпознатите поеми во историјата на книжевноста и е дело кое и по толку време сè уште е инспирација за многу музичари, режисери, писатели и уметници. Денес на блогот прочитајте за познатиот уметник Гистав Доре, кој живеел и творел во 19 век и кој создал величествени илустрации на оваа позната поема.

Еден од наjпродуктивните и најбараните уметници во 19 век, Гистав Доре, ја стекнал својата репутација илустрирајќи дела од автори како Рабле, Балзак, Милтон и Данте. Во 60-тите години на 19 век, тој го објавил едно од најнезаборавните и најпопуларните илустрирани изданија на „Дон Кихот“ на Сервантес, додека во исто време го комплетирал збирот гравури за англиканската Библија од 1866 година. Веројатно можел да сопре таму и тоа ќе било доволно да си обезбеди место во историјата, но тој продолжил со илустрирации на уште неколку многу популарни дела.

Во 1884 година, Доре изработил 26 челични гравури за илустрираното издание на мрачната класика на Едгар Алан По – „Гарванот“. Како и сите негови илустрации, сликите се богати со детали, но за разлика од неговите претходни дела, особено фините линии на неговиот „Дон Кихот“, овие гравури се помеки, карактеризирани со длабоко кјароскуро, соодветно на расположението на песната.

Погоре видете ја плочата што ги прикажува првите редови од песната како и опседнуваниот говорник.

Подолу, видете го гавранот како чука, „погласно од порано“, на решетката на прозорецот.

До моментот кога било објавено изданието на Доре, најпознатото дело на По веќе било признаено како една од најголемите американски песни. Нејзиниот автор, сепак, умрел пред повеќе од триесет години во речиси целосна сиромаштија. Описот на каталогот од библиотеката во државата Пенсилванија на едно од изданијата на Доре ги споредува двајцата уметници:

„Кариерата на овие двајца мажи е полна и со популарен успех и големи разочарувања. Доре уживал во феноменалниот монетарен успех како илустратор во неговиот животен век, но неговата вистинска желба, да биде признат како убав уметник, никогаш не се остварил. Критичарите од неговото време ги исмејуваа неговите способности како уметник дури и кога неговата популарност растеше. Може да се каже дека По ја доживеа спротивната судбина – признат како голем уметник во неговиот живот, тој никогаш не постигна финансиска стабилност.“

Од Библиотеката на Ретки колекции во државата Пенсилванија дознаваме дека Доре добил оптрилика еквивалент од 140.000 долари за неговото илустрирано издание на „Гарванот“. На По, од друга страна, му биле платени приближно девет долари за неговата најпозната песна.

„Проектот Гутенберг“ има дигитални изданија на целоснот издание на „Гарванот“, како и Конгресната библиотека на САД.

Извор.

Leave a comment