Јануари е за многу книги во „Антолог“: 10 книги за 999 денари и 5 книги за 649 денари!

Јануари е месец на празници, топла трпеза и одлична можност за многу читање. Доколку сакате да си ја освежите домашната библиотека или пак барате нешто ново за читање, во периодот од 9 до 15 јануари ќе имате можност да се подновите со книги во издание на „Антолог“.

Во текот на оваа недела, сè до 15 јануари, во книжарницата на „Антолог“ или пак преку нивната веб-страница www.antolog.mk, ќе можете да си купите нови книги по поволни цени, благодарејќи на нивната акција со која ќе можете да си набавите 10 книги за 999 денари или 5 книги за 649 денари. Како што наведуваат на нивната официјална страница на Фејсбук, доколку нарачувате преку интернет, одберете го еден од пакетите (5 или 10 книги) и во коментар напишете ги насловите кои сакате да ги земете, а доставата е бесплатна за нарачки над 1200 денари.

Каталогот со достапни книги можете да го погледнете на овој линк.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Антолог или нивната официјална страница на Фејсбук.

Leave a comment