Николо Макијавели е толку тесно поврзан со бескрупулозното однесување, лукави ставови и реалполитиката што неговото презиме е асимилирано во англискиот јазик, но и македонскиот јазик, преку користење на „макијавелизам“, „макијавелистичко“ како синонм за бескрупулозност и правење работи само за да се стигне до својата цел. Досега на блогот се пишувало за Николо Макијавели, но налетав на два интересни текстови што можете да ги видите најдолу и мислев дека ќе ви бидат интересни и вам.

Современите психолози дури им дијагностицираат на поединците „макијавелизам“ – растројство на личноста што се совпаѓа со психопатија и нарцизам и води до манипулативно однесување.
Па, како овој ренесансен филозоф и драматург, кој често се смета за „Татко на модерната политичка филозофија“, бил извалкан од такви негативни асоцијации?
Династии во распаѓање и верски екстремизам
Роден во 1469 година, младиот Макијавели израснал во бурната политичка средина во ренесансната Фиренца. Во тоа време, Фиренца, како и многу други италијански градови-републики, често била оспорувана од поголемите политички сили. Внатрешно, политичарите се бореле да ја зачуваат државата и да ја одржат стабилноста.
По инвазијата на францускиот крал, Шарл VIII, навидум семоќната династија Медичи се распаднала, оставајќи ја Фиренца под контрола на језуитскиот фриар Џироламо Савонарола. Тој тврдел дека свештеничката корупција и експлоатацијата на сиромашните ќе донесат библиска поплава за да ги удави грешниците.
Тркалото на среќата брзо се завртило, а само четири години подоцна Савонарола бил погубен како еретик.
Промена на среќата – повторно
Си чини дека Макијавели имал корист од вртоглавиот пад на Савонарола. Републиканската влада била повторно воспоставена, а Пјеро Содерини го назначил Макијавели за втор канцелар на Република Фиренца.
Преземајќи дипломатски мисии и подобрување на фирентинската војска, Макијавели имал значително влијание „зад завесите“, обликувајќи го политичкиот пејзаж. Тоа не останало незабележано од семејството Медичи, кога тие се вратиле на власт во 1512 година. Макијавели бил отстранет од функцијата и уапсен под обвинение дека ковал заговори.

Откако поминал неколку години во мрежата на таквите бурни политички расправии, Макијавели се вратил на пишувањето. Токму во овие години се родила една од најбрутално реалните (иако песимистички) перцепции за моќта.
„Владетелот“
Па, зошто сè уште читаме книга напишана пред пет века?
„Владетелот“ го артикулира феноменот дека „Политиката нема врска со моралот“, поента што никогаш претходно не била целосно запишана. Делото на Макијавели ефикасно ги оправдува тираните сè додека стабилноста е нивната крајна цел. Тоа го покренало нерешливото прашање за тоа што значи да се биде добар владетел.
Брутално реалистични перцепции за моќта
„Владетелот“ не опишува политичка утопија, туку е одреден водич за навигација низ политичката реалност. Стремејќи се кон „златното доба“ на Стариот Рим од фракционерската позадина на Република Фиренца, тој тврдел дека стабилноста треба да биде приоритет на секој лидер – без разлика на цената.
Според него, лидерите треба да ги обликуваат своите постапки на основа на достојните лидери од историјата кои владееле со стабилни и просперитетни места. Новите методи имаат неизвесна шанса за успех и затоа веројатно на нив тој гледал со сомнеж.
Војната се сметала за неизбежен дел од владеењето. Тој тврдел дека „војната не може да се избегне, таа може да се одложи само во корист на вашиот непријател“, и затоа лидерот мора да се погрижи неговата војска да биде силна за да ја одржи стабилноста и на внатрешен и на надворешен план.

Силната армија ќе ги одврати туѓинците од обидот за инвазија и на сличен начин ќе ги одврати и внатрешните немири. Следејќи ја оваа теорија, ефективните лидери треба да се потпрат само на нивните сопствени војници бидејќи тие се единствената група на борци што нема да се побунат против него.
Совршениот лидер
И како треба да се однесуваат лидерите? Макијавели верувал дека совршениот водач ги обединува милоста и суровоста и последователно генерира и страв и љубов во еднаква мерка. Меѓутоа, бидејќи овие работи ретко се совпаѓаат, тој тврдел дека „побезбедно е да ти се плашат отколку да те сакаат“ и затоа суровоста е повредна особина за лидерите отколку милоста.
Контроверзно, тој заклучил дека обожавањето само по себе нема да го спречи противењето и/или разочарувањето, но продорниот страв од терор би го сторил тоа:
„Мажите помалку се плашат да го навредат оној што инспирира љубов отколку оној што инспирира страв“.
Нужни зла
Највпечатливо е тоа што Макијавели ги поддржувал „нужните зла“. Лидерите (како што се Чезаре Борџија, Ханибал и папата Александар VI) мора да бидат подготвени да извршат зли дела за да ги зачуваат своите држави и да ја задржат територијата. Сепак, тој тврдел дека лидерите мора да се потрудат да избегнат поттикнување на непотребна омраза. Суровоста не треба да биде тековно средство за угнетување на народот, туку почетна акција која обезбедува послушност.
Тој напишал: „Ако мораш да повредиш човек, порведи го толку силно што не треба да се плашиш од неговата одмазда.“
Според Макијавели, секоја суровост мора да води кон целосно уништување на опозицијата и одвраќање на другите да постапуваат слично, инаку акцијата е залудна и може дури и да предизвика одмазднички чинови.
Доколку сакате да дознаете повеќе за „Владетелот“ и да погледнете и слушнете една анализа на најважните аспекти од делото, подолу можете да погледнете еден одличен документарец на англиски јазик создаден од каналот на ЈуТуб „Eudamonia“, кој дава одличен преглед на ова безвременско дело.
Ова видео го разложува „Владетелот“ на седум дела, во кои се сумираат многу од главните точки на книгата, Се чини дека овие заповеди се усогласени со популарната слика на Макијавели како апологет, дури и застапник, на брутални и репресивни форми на владеење. Но, неговиот потфат има помалку врска со нудење совети отколку со опишување како вистинските личности на моќ, принцови и други, ја насобрале и ја задржале таа моќ.
Во продолжение погледнете го видеото:
А како уште еден бонус, во продолжение можете да пристапите и до овој документарец на Би-Би-Си за животот и турбуленциите на Макијавели:
