Македонска поезија: „Мост“ од Славко Јаневски!

На 11 јануари 1920 година се родил познатиот македонски писател и поет Славко Јаневски. Во негова чест, денес читаме прекрасни македонски стихови токму од него.

Мост – Славко Јаневски

Темели од воздух
и пак мост си сочинил.

Едниот крај на дланка
другиот врз глава се потпира.

Со нозе преку него
да минеш се напрегаш,
не се може.

Стои лакот непреминлив
и стои главата,
без неа господ знае
нозете кај ќе стасаат.

Leave a comment