Утре започнува „Јануарски базар за книги“ во „Скопје сити мол“!

Доколку барате книга што ќе ве дружи во студените зимски денови или сакате да си ја освежите домашната библиотека, тогаш во следните неколку денови можеби ќе си го најдете следното четиво на „Јануарскиот базар за книги“ што ќе се одржи на приземјето во трговскиот центар „Скопје сити мол“.

(Извор: Официјална Фејсбук страница на „Македонска асоцијација на издавачи“)

Од утре (25 јануари), па сè до недела (28 јануари), ќе имате можност да си набавите книги по намалени цени и тоа книги од различни жанрови како: класична литература, книги од домашни автори, љубовни романи, трилери, популарна психологија, книги за деца…

„Јануарски базар за книги“ е во организација на „Македонската асоцијација на издавачи“, а на истиот ќе можете да најдете изданија на „Издавачки центар ТРИ“, „Сакам книги“ „Топер“, „Полица“, „Култура“, „Антолог“, „Бата прес“, „Мартина“ и Библиски центар „Божилак“.

За повеќе информации, следете ја официјалната страница на Фејсбук на „Македонска асоцијација на издавачи“.

Leave a comment