На Скопје дефинитивно му фалат повеќе книжевни катчиња и кафе-книжарници, а од утре Скопје ќе добие уште едно вакво место. Кафе-книжарницата „Илика“ од утре (27 јануари) започнува со работа, а во нивната најава ве канат во периодот од 11 до 19 часот да наминете и да го пробате нивното кафе и да си купите некоја нова книга, додека тие ќе ве почестат со вкусни домашни колачиња и домашно вино. „Илика“ се наоѓа на бул. „Партизански одреди бр. 7“, во кулата во близина на кафулето „Mr. Jack”.
(Извор на сликата: Издавачка куќа „Илика“)
Тимот на „Илика“ преку официјалниот настан на Фејсбук најавуваат дека дополнително ќе ви раскажат за изборот на книги што го направивиле во склоп на темата за месец февруари која е насловена како „АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ“. Дополнително тие велат:
„Дојдете да летаме заедно и заеднички да создадеме нов простор за книжевни средби, разговори и откритија.“
Покрај изданијата на издавачката куќа „Илика“, тука ќе може да изданија на повеќе издавачки куќи како: „Или-Или“, „Темплум“, „Полица“, „Антолог“, „Бегемот“, „Сигмапрес“, „Бункер“, „ПНВ Публикации“, „Сказнувалка“, „Артконект“ и „Слово“.
Од тимот на „Илика“ велат:
Кафе-книжарницата Илика е наша нова тајна оаза во срцето на Скопје каде што ќе можете (барем накратко) да избегате од градската бучава, да го пролистате дневниот весник пиејќи кафе или чај и да уживате во одбрани книги од помалите македонски издавачки куќи.
За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук и посетете ја нивната официјална страница на Фејсбук.

