Ќе се снима телевизиска екранизација на „Мрачни места“ од Џилијан Флин!

Џилијан Флин направи вистински бум на книжевната сцена изминативе години со нејзините хитови како „Ејми ја нема“ (Gone Girl), „Мрачни места“ (Dark Places) и „Остри предмети“. Таа е многу популарна и кај нас, особено меѓу читателите и читателките на трилери.

Освен тоа, нејзините дела се покажаа и како одлична основа за екранизации, па така „Ејми ја нема“ (Gone Girl) имаше неверојатно успешна екранизација во 2014 година со Бен Афлек и Розамунд Пајк во главните улоги, а „Мрачни места“ беше хит-серија на „ХБО“, со Ејми Адамс во главната улога, дури и ја имав и јас предложено на блогот. Поаѓајќи од овие успешни екранизации, Џилијан Флин и „ХБО“ ќе продолжат со успешната соработка, барем судејќи според екслузивната вест што ја соопшти магазинот „Варајети“, и ќе направат мини-серија заснована врз нејзиниот роман „Мрачни места“.

Флин ќе биде ко-креаторка, сценаристка и ги има правата на романот, бидејќи таа е авторката. Брет Џонсон и Герин Гарднер, исто така, ќе бидат ко-креатори и сценаристи, а . Тереза Канг и Керолин Гарити од „Blue Marble Pictures“ ќе бидат извршни продуценти заедно со Андреа Иерволино и Моника Бакарди од „Iervolino & Lady Bacardi Entertainment.“

Романот „Мрачни места“ веќе еднаш беше екранизиран, односно беше снимен филм со Шарлиз Терон во главната улога, но се работеше за помала продукција и филмот никогаш не доби некое големо внимание.

Романот е трилер, се работи за еден грозоморен масакар и едно уништено семејство. Либи Деј го преживеала масакарот на само седум години, а нејзиниот брат бил обвинет и осуден за масакрот, додека таа била клучен сведок. Години подоцна, минатото повторно оживува. Доколку сакате трилери, навистина ќе ве бендиса.

Сè уште нема детали за режисерот/режисерката, ниту пак за актерската екипа, но веројатно наскоро ќе дознаеме повеќе детали.

Извор.

Leave a comment