Започна четвртото издание на „Денови на литературата“!

„Денови на литературата“ веќе полека, но сигурно прераснува во традиционално годишно чествување на книгите, па така вчера започна четвртото издание кое ќе трае до 20 февруари. Како што најавуваат од „Литература.мк“, годинава ќе има одличен избор за сите љубители на книги што се во потрага по освежување на домашната библиотека, со попусти и до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“, но и за книгите кои се достапни на е-продавницата „Литература.мк“, а каталогот со дел од книгите можете да го разгледате тука.

Како што е наведено на официјалниот настан на Фејсбук, во акцијата се вклучени илјадници книги од голем број македонски издавачки куќи: изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Збор“, „Или-или“, „Култура“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ „Три“ и „Чудна шума“.

На попуст од 60% може да се најдат серија книги: „Полскиот боксер“, „PR Љубовна приказна“ од Александар Илиќ, „Барби од подрумот“ од Маша Колановиќ и мноштво други, додека пак на 50% попуст меѓу серијата наслови достапни се книгите: „На работ од паметот“ Мирослав Крлежа, „Ветената земја“ од Владислав Рејмонт, „Пред западни очи“ од Џозеф Конрад, „Со оган и со меч“ од Хенрик Шенкевич.

Од останатите попусти, на 40% попуст можете да ги набавите книгите: „Денот кога не се разбудив“ од Моџо Килингтон, „Младите стихови на стариот поет“ од Гето Руди, „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска, „Езеро“ од Тадеј Голоб, „Трчај мали трчај“ од Ники Круз, Џејми Бакинхам, „Никогаш не откажувај се“ од Елизабет Годард, но изборот е и поширок.

Од „Литература.мк“ дополнуваат и дека на 30% попуст, меѓу останатите, можат да се најдат книгите: „Дејзи Џонс енд д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Доктор Сон“ од Стивен Кинг, „Ветената земја“ од Барак Обама, „Баудолино“ од Умберто Еко, „Истанбул Истанбул“ од Бурхан Сонмез, „Боја во сето сиво“, „Последната камелија“ од Сара Џио, „Сагата за Рајна“ од Оља Петрушевска-Томева. Покрај тоа, на попуст од 30% може да се најдат серија наслови од Ернест Хемингвеј, Агата Кристи, Милан Кундера, Габриел Гарсија Маркес, како и книгите за Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл.

Не се запоставени и изоставени ниту македонските писатели, па така, за време на акцијата, многубројни наслови од едицијата „Македонски книжевни класици“ од великаните Петре М. Андреевски, Блаже Коневски, Гане Тодоровски, Ѓорѓи Абаџиев, Живко Чинго и Димитар Солев ќе бидат намалени и до 28%.

Дополнително сите изданија на англиски јазик во понудата на „Литература.мк“ се со намалување од 10%.

Во времетраењето на попустите, во сите книжарници на „Литература.мк“, со купени книги од „Арс Ламина“ во вредност од над 1.000 денари купувачите добиваат вредносен ваучер за следно купување. Ваучерот не важи за нарачки направени преку интернет.

Освен попустите, „Денови на литературата“ нудат и богата програма со низа промотивни и едукативни, како и музички настани.

Па така, денес, 7 февруари (среда) во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ се одржа промоцијата на „Гени, мени, сени“, новата книга на Владимир Лукаш.

На 8 февруари (четврток), во Café Literatura во „Скопје сити мол“, авторите Мартин Јовановски, Билјана Велковска и Христина Стефановска ќе дискутираат на тема „Книгите во служба на менталното здравје“ со осврт на своите книги „Зошто јас“, „Умешноста на лутината“, како и интерактивните психолошки прирачници за деца и возрасни, сите во издание на „Арс Ламина – публикации“.

На 9 февруари (петок), со почеток од 17 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“ ќе има музичко матине со Сара Мејс. На репертоарот ќе се најдат дел од најголемите хитови на кралицата на рокенролот, во чест на нејзината автобиографија „Мојата љубовна приказна“, која на македонски јазик ја издаде „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“. Веднаш потоа, во 19 часот ќе почне промоцијата на „Бахус“, новата книга на Сашо Кузмановски во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На 10 февруари (сабота), во 13 часот, во Café Literatura во „Скопје сити мол“, ќе гостува авторот Петар Андоновски и ќе имате можност да добиете посвета и потпис на неговите книги од издавачката куќа „Полица“, а попладнето во 18 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на албанскиот превод на книгата „Детето во снегот“ – „FËMIJA NË BORË“ од издавачката куќа „Збор“. Во недела, 11 февруари, во 13 часот читателите ќе може да се дружат со авторката Вики Андонова, која ќе ја потпишува нејзината нова книга „Природна нега за вашето дете“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

За повеќе информации за попустите, како и целосната програма со настани, посетете го официјалниот настан на Фејсбук или официјалната Фејсбук страница на Литература.мк.

Leave a comment