Промоција на „Сè уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска!

Фросина Пармаковска е една од најпознатите современи македонски авторки, која е најпозната на читателската публика по романите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“. „Одбројување“ ја доби наградата „Роман на годината“ во 2018 година, додека пак „Вишнова хроника“ влезе во финалето за таа награда.

Нејзиниот последен роман беше „На враќање“, издаден во времето на пандемијата, а сега повторно се враќа на книжевната сцена со нејзиниот роман „Сè уште можам нешто да сторам“, во издание на „Или-Или“, кој излезе некаде на крајот на минатата година.

По тој повод, денес, 8 февруари, со почеток од 19.30 часот во „Салон 19:19“ – КИЦ, ќе се одржи и претставување и промоција на романот преку разговор на новинарот Васко Поппетревски со Фросина Пармаковска. Во меѓувреме, можете и да го прочитате интересното интервју на Пармаковска за веб-порталот „Блен“: Фросина Пармаковска: Отсекогаш сакав да напишам магично-реалистичен роман.

Доколку досега не сте читале ништо од Фросина Пармаковска, можете да ги ѕирнете и препораките и освртите на блогот: тука, тука, тука и тука.

За повеќе информации за настанот, следете го официјалниот настан на Фејсбук и официјалната страница на „Или-Или“ на Фејсбук.

Leave a comment