Во четврток (15 февруари), со почеток од 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се организира книжевна средба чија главна цел е промоција на македонските преводи на делата „Идис“ од Роберт Бадентер (издание на „Или-Или“) и „Везење“ на Марџан Сатрапи (издание на „Бункер“), оригинално издадени на француски јазик.
Францускиот институт во Скопје има за цел на оваа средба да ја истакне работата на две издавачки куќи: „Или-Или“ и „Бункер“ и промоција на македонското издание на „Идис“ кое е во превод на г-ѓа Гзиме Старова, и „Везење“ – издание во превод на г-ѓа Јоана Хаџи-Лега Христоска.
(Извор на сликата: Француски институт во Скопје)
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, според најавата, истиот ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.
Како што е наведено на официјалниот настан на Фејсбук, „збор ќе земат одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.“
Доколку сакате да присуствувате на оваа средба, потребно е само да го најавите своето присуство и да си резервирате место преку испраќање порака на е-поштата: culture@ifs.mk.

