Минатата година светската книжевна јавност беше воодушевена кога дозна дека во 2024 година постхумно ќе биде објавен роман на Габриел Гарсија Маркес кој досега ја нема видено светлината на денот. Во веста што тогаш ја објавив и на блогот, по смртта на Маркес во 2014 година, неговото семејство го открило недовршениот ракопис, но не биле сигурни дали треба да биде објавено. По 10 години од неговата смрт, неговите синови одлучиле дека сепак делото треба да му биде достапно на светот.
Романот се вика „Се гледаме во август“ и својата светска премиера ќе ја има на 6 март, односно на годишнината од раѓањето на Маркес (6 март 1927 година). Она што навистина радува е што и Македонија е рамо до рамо со останатите држави во овој поглед, односно на 6 март освен што ќе биде достапна ширум светот на повеќе јазици, ќе биде достапна и за македонските читатели на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“.
Доколку не ви се чека, можете уште веднаш да го нарачате својот примерок на е-книжарницата literatura.mk, како што тоа го сторив и јас. 🙂
Ова е одлична вест, радува тоа што сè повеќе нови изданија од светската книжевност веднаш или многу брзо по нивното издание добиваат македонски изданија. Одвај чекам да ја прочитам последната маестралност на Маркес!

