Денес е петок, прекрасен ден за читање македонска поезија и македонски стихови. Во продолжение прочитајте ја прекрасната песна „Бдеење“ од Богомил Ѓузел!
Бдеење – Богомил Ѓузел
Завршува уште еден ден.
Макар што никој не ме тера
да се вратам дома
небото се затвора ко утроба
што се отворила предвреме
а решетките на хоризонтот слушам
како се слушаат со чкрипот.
Се затвора дуќанот на светот.
Вечерта ме магнетисува со умор
и алкохол. Корка лебец и пепел.
Денот го продолжувам со бессоница.
Одеднаш огништето се запалува
или некое полноќно сонце
и јас се гледам како чекорам
по одредената врвица
од пустината на мојата дланка.

(извор на сликата: Pinterest)
