Хуманост на дело: Денес, со секоја купена книга во „Матица“ донирате за Лео!

Верувам дека речиси нема човек кој деновиве не е запознает со случајот на младиот Леонид Индов, кому му се потребни донации за да може да го продолжи своето лекување во странство.

Под мотото „Хуманост на дело, сите заедно за Лео“, „Матица“ се приклучува во неколкуте различни акции што се организираат деновиве, па така, денес (29 февруари), сите средства собрани од продажбите во книжарниците на „Матица“ во Скопје ќе бидат донирани за лекувањето на Лео Индов.

На објавата на Фејсбук, од „Матица“ додават дека дополнителен попуст од 10% на веќе намалените цени ќе ги очекува сите љубители на пишаниот збор кои сакаат да имаат свој придонес во големата и заедничка хумана мисија за Лео.

Ова е одлична акција за сите оние што сакаат да му помогнат на Лео. Истовремено ќе ја обновите домашната библиотека, а со тоа ќе направите и добро дело и ќе помогнете на еден млад човек. За оние што не можат да отидат во книжарниците на „Матица“; сепак можете да помогнете со повик од мобилен телефон на 143 118 (за корисниците на Телеком) и 143 500 (за корисниците на А1 Македонија) и со тоа ќе донираат 100 денари.

Извор.

Leave a comment