На 22 февруари се одржа 27-то издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ која традиционално ги наградува најдобрите во различни полиња, а истовремено е шоу со хумор, уметност, музика и танц. Снимката од „Златна Бубамара на популарноста“ беше премиерно прикажана во неделата, на 3 март, на телевизијата „Канал 5“.
(Фото: Јован Ангелески
Извор: официјалната страница на Златна Бубамара на популарноста на Фејсбук)
Популарниот македонски шоумен Игор Џамбазов традиционално е дел од оваа манифестација, а годинава тој ја рецитираше легендарната песна „Т’га за југ“ од Константин Миладинов и ја посвети изведбата на „сите оние што си заминаа од Македонија, со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто“. Неговата рецитација беше пропратена со музичка поддршка од маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.
Во продолжение погледнете го видеото и одличната и моќна изведба на Игор Џамбазов.

