Неодамна се отвори нова кафе-книжарница во центарот на Скопје – кафе-книжарницата „Илика“. Тие најавија книжевни средби и промоции, а во сабота (9 март), со почеток од 12 часот, ќе имате можност да присуствувате на една од нив. Како што велат тие на официјалниот настан на Фејсбук, во март тие го слават женското перо, па затоа и ја организираат оваа саботна дневна забава!

Според најавата, полиците на книжарницата овој месец нудат интересни, возбудливи и интригантни нови и стари наслови од македонски и странски авторки, па ќе имате можност да си се подновите со нова книга напишана од писателки и воопшто да ја погледнете нивната понуда. Од „Илика“ велат дека на нивните полици во март ќе бидат изложени само наслови од авторки за поголема видливост на женската книжевност, мисла и дејност.
Она што мене исто така ми падна во очи е што на нивните полици се појави „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за книжевност во 2022 година!
На овој reel, можете да погледнете и дел од нивниот избор.
За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук и официјалната страница на „Илика“ на Фејсбук.
