Пет романи се финалисти за „Роман на годината“!

„Роман на годината“ е една од најпрестижните книжевни награди во Македонија, која годинава одбележува 25 години јубилеј! Наградата за првпат се додели во 1999 година и тоа на романот „Куќата на Мазарена“на Слободан Мицковиќ, а лани наградата отиде во рацете на Влада Урошевиќ и неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

(Извор на сликата: Официјална страница на Фондацијата „Славко Јаневски“ на Фејсбук)

Кој роман ќе се закити со ова награда ќе дознаеме на 15 март, на прес-конференцијата што е закажана во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот, на која жири-комисијата ќе ја соопшти својата одлука. Оваа година, жирито е сочинето од: Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“).

Во трка за наградата првично влегоа 35 романи, но сега изборот е стеснет и во финалето влегоа пет романи, а еден од нив ќе се закити со наградата. Во финалето за „Роман на годината“ се следните романи:

  1. „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“)
  2. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица“)
  3. „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
  4. „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – Или“)
  5. „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“)

Главен покровител на награда е „Комерцијална банка“ АД Скопје со поддршка на Министерството за култура. Наградата се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Во петок ќе дознаеме кој е годишнениниот победнички роман! Со среќа на сите финалисти!

Leave a comment