Што ја инспирирало Емили Бронте да ја напише „Оркански височини“?

„Оркански височини“ од Емили Бронте е еден од најпознатите романи на сите времиња, роман кој е екранизиран толку многу пати, преведен на десетици јазици и вечна инспирација многу уметници. Денес на блогот можете да прочитате еден краток текст за дел од инспирацијата за пишување на овој роман, инспириран од кусото видео на Фејсбук страницата на Bookstr, во кое соопштува неколку интересни факти за овој роман. Во продолжение прочитајте го текстот, а најдолу имате можност да го погледнете и видеото:

(Извор на сликата: “Wuthering Heights” by Robert McGinnis/Tom Simpson)

Емили е една од трите познати Бронте сестри. За жал, таа починала кога имала само 30 години, во 1848 година. Не се знаат многу работи за неа, бидејќи таа била многу дискретна и затворена личност и често ги чувала чувствата во себе без да ги сподели со другите, но факт е дека се интересирала за страстите, чувствата и страдањата на луѓето.

Емили била срамежливо девојче и била многу блиска со своите сестри и браќа. Таа исто така сакала животни и прошетки низ селските патишта.

Нејзиниот роман „Оркански височини“ ја следи измачената љубов на Кетрин и Хитклиф и нивните измачени животни приказни. Смртта на нивната мајка и смртта на нејзините постари сестри на многу млада возраст, ја претвориле Емили во многу сериозна и потиштена девојка, што ја инспирирало да го напише романот. Романот се врти околу смртта и тагата, две работи кои семејството Бронте многу добро ги знаело.

Таа исто така многу сакала романот да биде добро прифатен, па така фактот што употребувала тактики од популарните готски романи воопшто не е за изненадување. Стилот на нејзините ликови и самата поставка на романот се потпира прилично силно на овој жанр.

Се вели дека имотот кој го носи истото име како и насловот на романот, „Оркански височини“, е инспириран од три основни места:

Првото е Хај Сандерленд Хол, место кое се наоѓало близу до местото каде Емили била учителка. Ова здание било познато по своите „легенди и прикзни за духови“, статуи и резбани изработки.

Второто место е Понден хол, место кое семејството Бронте често го посетувало.

И на крај, можно е Топ Витенс да било третото место кое послужило како инспирација за Бронте затоа што било големо, се наоѓало во пустелија и опкружено со нејзините омилени мочуришта.

Кога само би била жива за да може да ужива во успехот!

Во продолжение погледнете го видеото!

Leave a comment