Книжевен кружок во „Илика“!

Дали сакате книжевни клубови, книжевни средби и книжевни клубови? Ако одговорот е ДА, тогаш можеби ова е настанот за вас!

На 30 март (сабота), со почеток од 17 часот, во кафе-книжарницата „Илика“ ќе се одржи книжевен кружок, а главната тема на средбата ќе биде најновото издание на „Илика“ – „Девојчински спомени“ од француската писателка и поетеса Ани Ерно, која во 2022 година ја доби Нобеловата награда за книжевност. Како што наведуваат од „Илика“, доколку сакате да си ја набавите книгата, истата е достапна во нивната книжарница, а можете да си ја нарачате и преку испраќање порака на некој од профилите на нивните социјални мрежи.

Како што велат тие на официјалниот настан на Фејсбук:

Ова е првиот превод на македонски јазик на француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература Ани Ерно. Романот претставува уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минато, овојпат педесет години наназад, во летото 1958 г., кога имала само осумнаесет години. Во центарот на оваа книга се наоѓа еден трауматичен настан, чие значење авторката се обидува да го открие многу години подоцна. Но, за да ја сфати таа девојка, која на некој начин е поврзана со сегашната Ани Ерно (онаа што пишува), потребно е многу повеќе од личните сеќавања и зачуваните дневници и писма – потребна е историјата.

Сè што треба да направите за да присуствувате на средбата е да им испратите кратка порака на нивната е-пошта: ilika.publishing.shop@gmail.com или на нивните профили на Инстаграм и Фејсбук.

Leave a comment