Денес ќе има промоција на три книги од Гордана Каракашевска!

Денес (6 април), со почеток од 18 часот, во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе бидат промовирани три книги од Гордана Каракашевска. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на промоцијата на:

1. Книгата раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата и за некои други, ситни зрнца“
2. Стихозбирката „Скршен поет и други поеми“
3. Романот „Разголување“

Трите книги се објавени во 2021 година под псевдонимот Ана Каракаш, но поради пандемијата досега не беа промовирани пред македонската јавност. Гордана Каракашевска е автор и на стихозбирките „Куќа од хартија“ (2022) и „Патот на водата“ (2023).

Промоторка и модераторка на настанот ќе биде професорката Елеонора Николовска, а избор од поетската книга „Скршен поет и други поеми“ ќе чита актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска.

Доколку ве интересираат повеќе детали за самите книги, можете да го погледнете и официјалниот настан на Фејсбук и да дознаете повеќе!

Сабота попладне е одлично време да се помине со книги и книжевни разговори!

Leave a comment