На 16 април 1950 година се родил македонскиот писател и поет Раде Силјан! Во негова чест, денес ги читаме неговите стихови!
ЖЕЛБА – РАДЕ СИЛЈАН
Во време на загубени идеали
Сакам зборови на радост
На хартија да редам
Камени порти да отворам
И низ небесен прозорец
Далеку да гледам
Во време на силни бури
На луњи и грмотевици
На сури магли од сите страни
Сакам на ветрот
Мрежа да му сплетам
Мелем за лута рана да ставам
Порој од капки роса да направам
Низ виножито од бои
Со крената глава да поминам
Песна за убавината да испеам
Од „Устата на јавето“, 2017

