На 22 април (понеделник), со почеток од 19.30 часот, љубителите на читањето ќе имаат можност да присуствуваат на нова средба на Книжевниот клуб на „Europe House Skopje“. По подолга пауза, повторно се организира средба на која ќе се организира една избрана книга, а овојпат изборот паднал на „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, роман кој неодамна ја доби престижната награда „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“, а модератор на книжевниот клуб ќе биде Александар Маџаровски – Читачот.
Како што се наведува во најавата, „во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.“ Организаторите велат дека сите се поканети на оваа средба, без оглед на тоа дали го прочитале романот или не, бидејќи „добрата литература и добрите романи не треба да бидат ‘чудо за три дена’ и за нив треба да се разговара и дискутира.“
Влезот е бесплатен и за да учествувате единствено што треба да направите е задолжително да се пријавите на овој линк.
За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук.

