Македонска поезија: „Во глуво доба од ноќта“ од Богомил Ѓузел!

Денес на блогот читаме прекрасни стихови од македонската поезија!

Во глуво доба од ноќта – Богомил Ѓузел

Во глуво доба од ноќта
ќе чуеш чукање на врата
ќе помислиш – конечно дојдоа по мене!

Не, тоа не е сон (за жал)
не, тоа не е срцето сопствено што бие
како топот на коњ во галоп

Нема друго – ќе станеш, ќе отвориш врата
и надвор, меѓу другите, ќе се видиш себе
чудовишно променет, крај спремна машина

што брмчи нечујно како да ја управува
некој од ѕвездите трепкајќи со очи
те чека долга инкубација а потем нов живот

Leave a comment