Денови на литература за деца во „Антолог“!

Во последниве години во Македонија има вистински бум во литературата за деца и тоа е навистина одличен тренд, бидејќи со градење на навиките за читање уште од мали нозе, создаваме генерации што ги сакаат книгите, што читаат и им ја поттикнуваме фантазијата и креативноста.

Доколку сте во потрага по книги за вашите деца, внуци или барате подарок за детски роденден, а сакате да подарите книга, тогаш можеби токму во „Антолог“ ќе го најдете она што го барате. До 10 јуни во „Антолог“ има одлична акција и т.н денови на литературата за деца.

Како што наведуваат на нивната страница на Фејсбук, „книгите што се сон на секое дете ќе им ги отклучат волшебните светови на приказните на вашите најмали и најмили.“ Па оттаму, до 10 јуни, книгите за деца и во нивната книжарница и и на нивната веб-страница antolog.mk ќе имаат намаление од 25%. На овој линк можете да ја видите понудата, а цените во каталогот се редовните цени на книгите.

Наскоро започнува летниот распуст, па тоа е супер можност децата летово да читаат и да откриваат нови омилени приказни и ликови!

Leave a comment