„Земи здив, нурни во добра книга“ – летни попусти на „Арс Ламина“!

Сигурно се подготвувате за летните одмори и можеби сте во потрага по добра книга за летниот одмор! Доколку барате инспирација, „Арс Ламина деновиве ја започна својата летна продажна акција што ќе трае до 10 јули! Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, акцијата ќе се спроведува во сите поголеми книжарници, „Литература.мк“, на интернет, и други продажни места каде што има застапено изданија од „Арс Ламина“.

Како што најавуваат од „Арс Ламина“, ќе има попусти до 60 % на повеќе од сто наслови од областа на белетристиката (бестселери, трилери, историска фикција, биографии и книги за мотивација и самопомош), романи за деца, лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо“.

На овој линк разгледајте ги достапните книги на попуст и можеби ќе го пронајдете тоа што го барате.

Leave a comment