Предлог-серии за љубителите на книги! (5)

Летото пристигна, а заедно со него и високите температури што нè приморуваат да се криеме од жештините. Тоа значи дека можеме да најдеме повеќе време за читање, но тоа е и одличен период и за гледање серии или филмови. Па така, денес на блогот прочитајте неколку предлози за серии засновани на три романи што беа (се) популарни и кај нас.

Вознемирени луѓе“ (2021)

Каде може да ја гледате: НЕТФЛИКС
Опис:
Доколку ги сакате приказните на Фредрик Бакман, тогаш оваа серија е одлична за вас. Заснована на истоимениот роман што е преведен и кај нас (чиј осврт и препорака можете да ги прочитате тука), оваа серија ја следи мистеријата зад едно ограбување на банка по кое сторителот се крие во еден стан во близина. Серијата има шест епизоди, а секоја епизода трае околу половина час, па така навистина брзо ќе ја изгледате. Се работи за шведска продукција и е на шведски јазик. Доколку веќе го имате прочитано романот, имајте предвид дека одредени работи се променети за поедноставно разработување на заплетот и верувам дека одредени работи нема толку силно да ви остават впечаток, но во секој случај верувам дека вреди да се погледне оваа интересна приказна, со интересни ликови и дијалози.

Разговор со пријатели“ (2022)

Каде може да ја гледате: МАКС (ХБО)
Опис
: Сали Руни е една од помладите авторки, која многу брзо постигна планетарна слава. „Разговори со пријатели“ е нејзиниот прв роман, но всушност нејзиното лансирање во светската популарност ја доби со нејзиниот втор роман „Нормални луѓе“ (чиј осврт можете да го прочитате тука) и серијата заснована на тој роман (која веќе ја препорачав).
„Разговор со пријатели“ е серија што беше снимена по успехот на „Нормални луѓе“, и која не ја доби истата популарност, но доколку го имате прочитано романот, мислам дека многу ќе ви се допадне. Има многу убави снимки и дијалози и некако убаво се пресликува на екранот. Приказната ги следи пријателките Френсис и Боби, млади и на почетокот на нивните животи и кариери. Тие случајно се запознаваат со брачниот пар Френсис и Ник и одеднаш влегуваат во чуден однос. Сите четворица се испреплетуваат меѓу себе на различни начини. Серијата има 12 епизоди, а секоја епизода трае околу 30 минути.

Деца на злото“ (2022)

Каде може да ја погледнете: МАКС (ХБО)
Опис
: Серијата „Деца на злото“ е занована на истоимениот роман на Миодраг Мајиќ што стана хит во регионот, па и кај нас. Романот е одличен трилер што обработува навистина тешки теми за Балканот, вклучувајќи и аномалиите и корумпираноста на еден систем во кој правдата тешко доаѓа. Приказната започнува со убиството на еден познат политичар и апсењето на неговиот телохранител осомничен за неговото убиство. Тука на сцена настапува познатиот адвокат Никола Бобиќ кој не е ни свесен во што се вплеткува. Доколку го имате прочитано романот ќе забележите одредени промени и иако романот е навистина исткаен и исплеткан на начин на кој не се пренесува баш на екраните, сепак е интересно да се види и погледне серијата особено што се гледа дека е амбициозен проект што доаѓа од овие краишта. Серијата има десет епизоди, а секоја епизода трае нешто повеќе од 45 минути.

Leave a comment