Одлична акција: Книга од Петре со Книга за Петре!

Пред некој ден (25 јуни) се одбележа раѓањето на Петре М. Андреевски и по тој повод, во издание на „Арс Ламина“, излезе и книгата „Книга за Петре: Сите лица на расказот“ – тематска збирка раскази за Петре М. Андреевски напишани од 19 современи македонски раскажувачи од сите генерации: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети и сите тие го слават раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода.

Со цел да се одбележи овој важен јубилеј, 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, како и да се промовира книгата, до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“ и на интернет преку www.literatura.mk, со секоја купена „Книга за Петре“ следува подарок книга од Петре М. Андреевски. Акцијата важи за сите книги од Петре М. Андреевски објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“: „И на небо и на земја“, „Вечна куќа: тажаленки“, „Скакулци“, „Последните селани“, „Дални наковални“, „Бежанци“, „Лакримариј“, „Боемите“; Пофалби и поплаки“, „Тунел“.

За повеќе детали, следете ја страницата на Литература.мк или нивната официјална страница на Фејсбук.

Leave a comment