Летен базар на книгата во „Рамстор“!

Доколку се подготвувате за летните одмори и барате одлични четива за да се опуштите, тогаш следната книга за читање можеби ќе ја најдете токму на Летниот базар на книгата кој од денес, па сè до 14 јули (недела) ќе се одржува во трговскиот центар „Рамстор“.

Како што наведуваат од Македонската асоцијација на издавачи, „подгответе се за летните авантури со нови книги! Посетете го нашиот летен базар и откријте ги најдобрите изданија за вашата летна библиотека. Дојдете и уживајте во голем избор на книги, од најнови изданија до класици, по одлични цени. “

На штандовите ќе имате можност да ги најдете изданијата на „Култура“, „Сакам книги“, „Антолог“, „Бата прес“, „Сказнувалка“, „Топер“, „Полица“, Мартина“ и „Едука Мак“.

Leave a comment