Летен базар на книгата во „Скопје сити мол“!

Доколку го пропуштивте минатонеделниот „Летен базар на книгата“ во Рамстор, а сепак сакате да ја обновите домашната библиотека со нови книги, во следните денови ќе имате можност да го сторите тоа во „Скопје сити мол“. Македонската асоцијација на издавачи објави дека од денес, па сè до 21 јули (недела), „Летниот базар на книгата“ ќе се стационира во „Скопје сити мол“.

Како и на минатонеделниот „Летен базар на книгата“ и тука ќе имате можност да ги најдете изданијата на: „Култура“, „Сакам книги“, „Антолог“, „Бата прес“, „ТРИ“, „Сказнувалка“ и Мартина“.

Leave a comment