Македонска поезија: „Недостижна“ од Гане Тодоровски!

Денес е петок, за многумина денес е крајот на работната недела, па за да го одбележиме почетокот на викендот, денес на блогот читаме прекрасни стихови од Гане Тодоровски.

Недостижна – Гане Тодоровски

Се свлекуваш! Со ритам божествен. Привлекуваш.
Во поза на слеп среќник што прогледал пак.
Во очи ми се матиш ко сноп од божилак.
Од восхитот мој крик очекуваш?
Ти прилегам на извор секнат со години што жеднее;
Чекаш да се разгрготам, да бликнам…
И под сеницата на денот залезно што бледнее
Сите минувачи задумани на гозба да ги викнам.
За да го возвеличиме од нога мигов редок
Кога на дневен ред неодложно љубовта е
Точка единствена – а јас пак неоти сум сведок.
На некакво новораѓање – сам на себе предок
И наследник! – Вдаден попреку божествен мост
Со зарек да те следи до крај, до изнеможеност.

Leave a comment