Неколку интересни мисли од Х.Џ.Велс!

Херберт Џорџ Велс, или попознат како Х.Џ.Велс, се смета за еден од основачите на научната фантастика како жанр и кој е најпознат по неговото дело „Војна на световите“. Х.Џ. Велс починал на 13 август 1946 година и во негова чест денес читаме некои од неговите најпознати мисли.

~ „Ако не ја завршиме војната, војната ќе нè заврши нас“ („Работите што доаѓаат“)

~ „Сите ние имаме свои временски машини, зарем не? Оние кои нè враќаат назад се спомените…А оние кои нè носат напред се соништата“.

~ „Нашата вистинска националност е човештвото.“ („Нацрт на историјата“)

~ „Пишувам најдиректно што можам, исто како што чекорам најправо што можам, затоа што тоа е најдобриот начин да се стигне дотаму.“ („Експеримент во автобиографија“)

~ „Ние ја создававме историјата, а речиси никој од нас не се помачи да помисли на тоа каква историја создаваме“ („Кога заспаниот се буди“)

~ „Човечката историја сè повеќе и повеќе станува трка помеѓу образованието и катастрофата.“ („Нацрт на историјата“)

~ „Понекогаш, мора да излезете надвор од личноста што сте билe и да се сетите на личноста што треба да бидете. Личноста што сакате да бидете. Личноста што сте“.

~ „Минатато е само почеток на почетокот и сè она што е и некогаш било е само самрак пред зората.“ („Откривањето на иднината“)

~ „Звучи доволно веродостојно вечерва, но почекајте до утре. Почекајте го здравиот разум на утрото“.

~ „Моралната огорченост е само љубомора со ореол.“ („Жената на сер Исак Харман“)

~ „Што би направил човек со себе, ако нешто не му застане на патот?“

~ „Она што навистина е важно е што правите со она што го имате“.

~ „Не смееме да дозволиме часовникот и календарот да нè заслепат пред фактот дека секој момент од животот е чудо и мистерија.“

~ „Човекот е несовршено животно и не можете баш да му верувате во темница.“ („Отворениот заговор: Што треба да правиме со нашите животи“)

~ „Уметникот што теоретизира за своето творештво, повеќе не е уметник, туку критичар.“

~ „Понекогаш патам од најчудното чувство дека сум исклучен и од светот околу мене, изгледа како сите работи да ги гледам однадвор, од некаде несфатливо оддалечен, надвор од времето, надвор од вселената, надвор од стресот и трагедијата од сè.“ („Војна на световите“)

~ „Размисли што претходно имаат направено земјотресите и поплавите, војните и вулканите на човекот? Мислиш ли дека Господ го има исклучено Вејбриџ? Тој не е агент на осигурителна компанија.“ („Војна на световите“)

~ „Затоа што човекот ниту живее, ниту пак умира залудно.“ („Војна на световите“)

Leave a comment