Македонска поезија: „Едно мало писмо“ од Игор Исаковски!

Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови од Игор Исаковски!

Едно мало писмо – Игор Исаковски

кога ме прашуваат како сум,
на сите им велам: добро. и
се обидувам насмевката
да не ме издаде. кога ти
би ме прашала, би ти рекол
дека ми тежи нешто врз градите
и дека твоето отсуство и физички
ме боли. понекогаш меѓу две издишки
си велам подобро е што не знаеш. a со
секоја издишка сфаќам како ти е тебе.
така од сето знаење за другиот страдаме со
удвоена болкa. кога некој би ме прашал
дали постоиш, цврсто ќе негирам. за среќа,
освен што тоа никој не ме прашува, никој и
не прашува како и дали воопшто го замислувам
животот без тебе. a на секоја помисла за тоа,
тежината се зголемува, болката боли. боли. посилно,
иако бев мислел дека посилно од тоа нема.
вака
немо, боли болката најмногу, кога не можам со тебе
да разменам ни збор. се надевам барем мислите,
некако, патуваат

Leave a comment