Во сеќавање на Хулио Кортасар…

Хулио Кортасар е еден од најпознатите аргетински писатели кој извршил неверојатно влијание врз јужноамериканската книжевност, но и писател кој истовремено бил и политички активист. Кортасар се родил на 26 август 1914 година во Белгија, па во негова чест, денес се сеќаваме на него со неколку куси интересни факти за него.

Неговите страсти

Тој имал страст за за бокс, театар и музика и сите овие работи се длабоко вкоренети во неговото творештво. Иако е познат како мајстор за кратки раскази, Кортасар има издадено и романи кои покажуваат неверојатна иновативност во својата форма, додека истовремено истражува некои основни прашања за положбата на човекот во општеството.

Неговите романи

Тој ги има издадено романите „Победниците“ во 1960 година, „62: модел на составување“ во 1968 година и „Книга за Мануел“ во 1973 година, а можеби најпознат е по неговиот роман „Куцкамен“ издаден во 1963 година.

Неговиот стил

Тој пишувал за фантастичното и рекол: „Имам чувство дека има помала оддалеченост меѓу она што го нарекуваме фантастично и она што го нарекуваме реално. Овие денови, мојата замисла за фантастичното е поблиску до она што ние го нарекуваме реалност. Можеби тоа е затоа што реалноста сè повеќе и повеќе ѝ се приближува на фантастичноста.“

Тој починал од рак во февруари 1984 година, на 69-годишна возраст и денес се смета за еден од најголемите јужноамерикански писатели. Толку бил почитуван, што шпанскиот весник „Ел Паис“, во два последователни броја објавувал еден куп написи и статии за него, нарекувајќи го „книжевен гениј, кој бил посветен на ослободувањето на неговите луѓе.“

Во продолжение можете и да погледнете едно интервју со него во кое зборува за неговото дело „Ѕверовник“, но и други интересни теми.

Извор 1.

Leave a comment