Македонска поезија: „Само чемрееме“ од Анте Поповски!

По продолжениот викенд, се вративме во реалноста, и веќе сме на средина на работната недела. По тој повод, денес читаме прекрасни македонски стихови од Анте Поповски.

Само чемрееме – Анте Поповски

Само молчиме, само се гледаме
сами себеси не можеме да си помогнеме,
а камоли едниот на другиот.
Ти наваму – јас натаму. Јас натаму – ти
наваму
и Исус бог тука не може ништо да стори
зашто тој само грешните ги спасува.
Запре секаде нашата крв
и сега веќе видливо се сушат
прво нашите гранки – по нив нашето стебло
не дај боже и нашиот корен.
Недостојни во чистиот оган
не знаејќи што да сториме
– само молчиме, само се гледаме,
понизно чемрееме наместо да изгориме.

Leave a comment