Четири интересни анимации засновани на делата на Франц Кафка!

Франц Кафка е дефинитивно еден од писателите што го одбележаа 20 век и неговите дела и ден денес се неверојатна инспирација и тие постојано се препрочитуваат, анализираат, а ликот и делото на Кафка се предмет на голема љубопитност, но и инспирација за други уметници, но не само писатели, туку и режисери, сликари, аниматори, итн. Денес на блогот имате можност да погледнете четири анимации создадени низ годините, инспирирани од делата на Кафка, а пренесени од електронскиот портал „Open Culture”.

Жил Делез и Феликс Гатари го сметале Кафка за меѓународен писател, кој бил во солидарност со малцинските групи ширум светот. Други научници го карактеризираат неговото творештво, а и самиот Кафка пишувал за тоа, како книжевност која се занимава со националниот идентитет. Академските дебати, сепак, немаат никакво влијание врз тоа како обичните читатели и писатели ширум светот ги доживуваат романите и расказите на Кафка. Писателите како Борхес, Мураками, Маркес и Набоков, црпеле многу инспирација од чешко-еврејскиот писател, како и филмаџиите и аниматорите. Денеска повторно разгледуваме неколку меѓународни анимации инспирирани од Кафка, а првата е на полскиот аниматор Пјотр Думала.

Обучен за скулптор, текстуралниот бренд на „деструктивна анимација“ на Думала создава застрашувачки слики со висок контраст кои соодветно ја доловуваат морничавата и нерешена игра на светлината и темнината во делата на Кафка. „Франц Кафка“ анимација создадена од полскиот уметник во 1992 година прикажува сцени од животот на авторот, онака како што е претставено во неговите дневници.

Следно, погледнете ја дезориентирачката јапонска анимирана екранизација од 2007 година на расказот „Селскиот доктор“ од аниматорот Коџи Јамамура. Носечкиот звук и монотониот јапонски дијалог (со преводи на англиски јазик) ефективно го пренесуваат тонот на приказната, кој Џон Апдајк го опиша како „сензација на вознемиреност и срам чиј центар не може да се лоцира и затоа не може да се смири; чувство на бесконечна тешкотија со нештата, што го попречува секој чекор“. Прочитајте ја оригиналната приказна на англиски јазик – тука.

Руско-американското дуо Александар Алексеиев и Клер Паркер ја создадоа оваа анимација во 1963 година користејќи ја техниката „pinscreen“, која го фотографира тродимензионалното движење на стотици иглички, правејќи слики од вистинска светлина и сенка. Претходно пишувавме за „колку напорни и макотрпни напори“ направија аниматорите за да го создадат своето дело. Нивните претходни напори го привлекоа вниманието на Орсон Велс, кој го нарачал овој краток филм како пролог за неговата филмска верзија на „Процес“ во која глуми Ентони Перкинс. И да, тој глас што го слушате како ја раскажува параболата „Пред Законот“, извадок од романот на Кафка, е на самиот Велс.

Најпознатата приказна на Кафка, „Преобразба“ е инспирирација за краткиот филм на канадската аниматорка Керолин Лиф од 1977 година. Анимацијата на Лиф за Кафка, исто така, зазема скулпторски пристап кон делото на авторот, овојпат скулптура во песок, што самата Лиф вели дека создала „слики од црно-бел песок“ со „потенцијал да има кафканијанско чувство – темно и мистериозно“. Како и да ја толкуваме содржината на делото на Кафка, чувството на неговите приказни е непогрешливо за читателите и толкувачите низ континентите. Тоа е она што постојано ги инспирира уметниците да користат резервен стил со висок контраст при неговото прилагодување.

Извор.

Leave a comment