Вечер со Руми во Друштво на писателите на Македонија!

Пред точно 817 години е се родил еден од најпознатите поети на сите времиња – Руми. Руми е поет на љубовната мистика, великан на класичната персиска поезија, а и денес е еден од најчитаните и најсподелуваните поети на светот, и луѓето низ цел свет се поврзуваат со неговите стихови.

По повод одбележувањето на вековното светско книжевно и културно наследство, Друштвото на писателите на Македонија ве поканува на „Вечер со Руми“, односно вечер на стихови, разговори и суфи музика. Низ текот на вечерта ќе ве водат Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, двајца препејувачи на Руми на македонски јазик. Настанот ќе се одржи денес (30 септември), со почеток од 19 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Вечерта ќе вклучува и „отворен микрофон“: ако имате омилена песна од Руми на кој било јазик на светот, или ако имате тема или анегдота што сакате да ја споделите во 2-3 минути, организаторите ве покануваат да се придружите на сцената.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment