Booktober: Нова акција на „Антолог“!

Започна октомври, започна и есента – ова е прекрасен период за читање, но и за освежување на домашната библиотека. По тој повод, од „Антолог“ објавија дека од денес, па сè до 11 октомври, читателите ќе имаат можност да си ја подноват домашната библиотека со некои нови наслови и со одлични намалувања.

Акцијата е насловена како „Booktober“ и како што велат од „Антолог“, тоа го означува моментот кога „љубовта кон книгите и магијата на есента се спојуваат и заедно создаваат совршена хармонија“! Акцијата се состои од пет нови изданија на „Антолог“, кои ќе бидат премиерно понудени на читателите со 20% попуст. Се работи за книгите „100 проценти“ од Андерс Рослунд, „Азбучната куќа“ од Јуси Адлер-Олсен, „Виолета“ од Изабел Аљенде, „Знакот на четворицата“ од Артур Конан Дојл и „Неточка Незванова“ од легендарниот Фјодор Достоевски

Дополнително, како дел од оваа акција, „Антолог“ нуди над 180 наслови со над 50% попуст и книги по 199, 249 и 299 денари. Акцијата важи во нивната книжарница како и за нарачки од нивната веб-страница, а со сметка над 1200 денари имате бесплатна достава.

Доколку ве интересира кои се книги се опфатени со оваа акција, ѕирнете во каталогот што го имаат подготвено за вас, а за повеќе информации, следете ја нивната страница на Фејсбук.

Дополнително, во нивната најава за акцијата на социјалната мрежа Фејсбук, тие велат нешто со кое мислам дека сите ќе се согласиме:

Има нешто посебно во читањето наесен – свежиот воздух, вкусот на овошките, мирисот на чајот што се крчка, лисјата што паѓаат, златестата боја… совршениот амбиент за впуштање во нова книга. Овој октомври, биди дел од магијата што можат да ја создадат само книгите!

Leave a comment