Есенско чистење на залихи во кафе-книжарница „Бејкер стрит“!

Пред некое време кафе-книжарницата „Бејкер стрит“ започна со работа. Доколку сè уште не сте ја посетиле, во следните два дена ќе имате и поголем мотив да го сторите тоа, бидејќи за денес и утре најавија „есенско чистење на залихи”, односно акција со големи намалувања и поволни цени за љубителите на книги.

Во петок и сабота, во текот на целото работно време на кафе-книжарницата, кое во петок е од 10 до 20 часот, а во сабота од 10 до 16 часот, од „Бејкер стрит” велат дека прават „генералка” за да ослободат место за нови книги. 

Љубителите на книги ќе имаат можност да си одберат книги по 100, 250 и 350 денари и, како што велат тие, и да си „обезбедат приказни за цела зима” и истовремено можат и да се напијат кафе или чај.

Акцијата важи само во кафе-книжарницата на ул. „Анкарска 31“ во Скопје. 

За повеќе информации следете го настанот на Фејсбук и Фејсбук-страницата на „Бејкер стрит“.

Leave a comment