Старовремска книжевна вечер во чест на Влада Урошевиќ…

Вчера, на 17 октомври, македонскиот поет и писател, Влада Урошевиќ, го прослави својот 90. роденден. Кафе и книги му посакува среќен роденден! По повод роденденот на Влада Урошевиќ, денес (18 октомври), со почеток од 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи старовремска книжевна вечер.

Настанот е насловен „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ (омаж на името на неговиот последен роман) и преку овој настан македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ.

За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук и страницата на Литература.мк на Фејсбук.

Leave a comment