Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ утре ќе биде претставена Дигиталната колекција Анте Поповски!

Утре (15 ноември), со почеток од 12 часот, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе одржи презентација на Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево Перо.

Овој настан се организира по повод 79. роденден на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и ќе се одржи во Конгресната сала во склоп на библиотеката.

Како што пренесе „Република“, „дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.“

Извор.

Leave a comment