Книги на надеж – Хуманитарна акција за донирање книги…

Книгите можат да бидат многу верни пријатели и да ни даваат утеха и поддршка во тешките моменти. Истовремено, многу е важно и ние како луѓе да си помагаме и да си бидеме поддршка во тешки моменти.

Со едно мало дело можеме да донесеме огромна инспирација, а утре (16 ноември), во 12 часот во „Бифе Тафталиџе“ ќе имате можност да придонесете многу со донирање на книги од вашата домашна библиотека. Насловен како „Книги на надеж“, како и во духот на солидарноста и поддршката за онколошките пациенти, Здружението ЕЗРА и „Бифе Тафталиџе“ организираат посебен настан под мотото „Мало дело, голема инспирација.“

Покрај донацијата, ќе имате можност да напишете кратка мотивациска порака и за ова мало дело, ќе добиете бесплатно кафе.

Сите собрани книги ќе бидат донирани на Онкологија, каде што ќе ја збогатиме библиотеката со „Книги на надеж“ – место каде што пациентите ќе можат да пронајдат утеха, сила и мотивација во зборовите на оние кои сакаат да им дадат поддршка.

Организаторите порачуваат: „Придружете ни се и бидете дел од иницијативата која носи топлина, охрабрување и солидарност.“

Извор.

Leave a comment