Македонска поезија: „До кога“ од Петре М. Андреевски!

Денес е петок, за многумина омилен ден од седмицата. Да ја заокружиме оваа работна недела со прекрасни македонски стихови од Петре М. Андреевски.

До кога – Петре М. Андреевски

До кога ова,
до кога ова
овде,
до кога овде вака:
ти да не можеш
да ме прашаш,
јас да не можам да ти кажам?!

Барем да ти беше
убиецот убав,
можеби и тебе
ќе ти беше поубаво
и нам полесно!…

Leave a comment