Вечер со Руми и промоција на последниот превод на Драги Михајловски!

Поезијата на еден од најголемите персиски поети, Џелаледин Мевљана Руми, е мелем за срцето на безброј читатели низ вековите, а од пред некое време можеме да ја читаме и на македонски јазик. Стиховите на Руми, кои претставуваат непроценливо светско наследство, добиваат дополнителна убавина кога се препеани од големиот мајстор на зборот, проф. Драги Михајловски. Тоа е воедно и последниот превод и препев на кој тој работеше.

Големата црвена книга“ во издание на ТРИ ќе биде промовирана на денес (28 ноември) во Културно-информативниот центар – Скопје, со почеток од 19:19 ч.

Модераторка на настанот е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева.

Надминувајќи ги материјалните граници на постоењето, поезијата на Руми ги обликува емоциите во мозаик во кој е претставено целокупното човеково искуство. Дојдете заедно да нурнеме во стиховите за божественоста, за љубовта и страста, копнежот и пријателството, пресликани на македонски јазик на совршен начин.

Текстот е преземен од официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment