Промоција на стихозбирката „Стихија“ на Цветанка Невчева!

Наградата ,,Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ, годинава ѝ припадна на Цветанка Невчева и стихозбирката ,,Исихијаˮ.

Стихозбирката ,,Исихијаˮ ќе биде промовирана утре (4 декември) во 19 часот во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ во Скопје на книжевната манифестација ,,Деновиˮ, која се организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, а дополнително годинава се одбележуваат и 85 години од објавувањето на стихозбирката ,,Бели мугриˮ.

По тој повод Филип Димкоски приготвил рецитал од неколку песни од стихозбирката ,,Бели мугриˮ, кој во рамките на манифестацијата ,,Деновиˮ ќе биде изведен од Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. На настанот свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска.

Како што се вели во официјалната покана за настанот, пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ до читателите гласи:
Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!

Leave a comment