Во екот на предпразничниот период кога сите сме во потрага по подароци, книги за себеси, но и многу новогодишни прослави и обврски, „Антолог“ на своите читатели им подготви голема предпразнична акција: попусти што растат со секоја книга што ќе ја одберете!

Во периодот од 16 до 27 декември, во книжарницата на „Антолог“ и на нивната веб-страница, ќе имате можност да си изберете книги со скалест попуст, па така, доколку купите до 4 книги, ви следува 15% попуст, за 5 книги ви следуваат 20% попуст, за 6 книги – 25%. Скалата продолжува сè до 40% за 9 или за повеќе книги! Ви следува и бесплатна достава за нарачки над 1500 денари!
Има само две правила, т.е важни напомени што треба да ги знаете при купувањето:
~ Можете да купите колку сакате книги, но максимум два примерока од една книга.
~ Во акцијата не влегуваат четирите божиќни книги кои моментално се достапни единствено во „Стокомак“ маркетите – „Божиќна романса“, „Божиќен камп“, „Венчавка во Божиќниот камп“ и „Ѕвездена порта: Божиќна приказна“.
За повеќе информации, следете ја Фејсбук страницата на „Антолог“ за повеќе информации, а тие исто така ви порачуваат:
Започнете го одбројувањето – секоја книга е нов почеток, а вашата библиотека е подготвена за празнично освежување и најава за нови литературни патувања во новата година!
