Сите можеме да се сложиме дека годинава некако си летна и ситно броиме до новата 2025 година. Ова традиционално е период и на новогодишни и празнични попусти, вклучително и за книги, што секако носи радост кај љубителите на книги.
Како и претходните години, така и оваа, „ИЛИ-ИЛИ“ на своите читатели во претстојниот период им нуди многу книги на попуст и со тоа создава и новогодишни радости за сите читатели, па оттаму и нивната акција е насловена како „Новогодишни книжевни радости во „ИЛИ-ИЛИ“! Попустите ќе траат од 25 декември до 12 јануари.

Без оглед на тоа дали ќе наминете во нивната книжарница или ќе си нарачате преку нивната веб-страница, имате навистина голем избор и одлични книги на попуст. Доколку сакате да ја ѕирнете и погледнете целосната листа на книги што се на попуст, тоа можете да го сторите во полето за опис на официјалниот настан на Фејсбук, каде се наведени книгите по азбучен ред.
Среќни празници!
