На 30 декември 1865 година се родил познатиот англиски писател Радјард Киплинг. Тој исто така е и најмладиот добитник на Нобеловата награда за книжевност, која ја добил на 41 година во 1907 година. Денес на блогот ја читаме неговата најпозната поема, „Ако“.
„Ако“ – Радјард Киплинг
Ако го сочуваш разумот кога сите наоколу
Го губат нивниот и те обвинуваат тебе;
Ако веруваш во себе кога сите се сомневаат,
Но сепак го земаш предвид нивниот сомнеж:
Ако си трпелив без да се умориш чекајќи,
Или, ако те лажат, а тѝ не прибегнеш кон лаги,
Или да си омразен, без тѝ да возвратиш со омраза,
И да не личиш многу добар, ниту да зборуваш многу мудро.
Ако можеш да сонуваш – а мечтите да не господарат со тебе;
Ако можеш да мислиш – а мислите да не се твоја цел,
Ако можеш да се соочиш со Триумф и Пораз
И да се однесуваш кон двава измамника подеднакво:
Ако вистината што тѝ ја кажуваш можеш да поднесеш да ја чуеш
Изобличена од нечесни за да е стапица за глупави,
Или да ги видиш нештата на кои си им го посветил животот, уништени,
И повторно да ги кренеш и изградиш со истрошен алат;
Ако можеш на куп да ги собереш сите твои победи
И сѐ да ставиш на коцка со едно фрлање паричка,
Да загубиш, и одново да почнеш од самите почетоци,
И никогаш да не изустиш ниту збор за твоите загуби:
Ако можеш да ги принудиш срцето и нервите и жилите
Да му служат на твоето движење откако исчезнале,
И да си исправен кога нема ништо повеќе во тебе
Освен волјата која ним им вели: ,,Држете се!“
Ако можеш да зборуваш со толпата и да го сочуваш својот морал,
Или да чекориш со Кралеви – без да го загубиш здравиот разум,
Ако си имун на поврeди од непријателите и од саканите пријатели,
Ако сите луѓе сметаат на тебе, но никој во целост:
Ако можеш ненадоместливата минута
Да ја пополниш со шеесет секунди трчање,
Твоја е Земјата и сѐ што е на неа,
И поважно од сѐ, ќе бидеш Човек, сине мој!
Препев: Горазд Росоклија

