„Silent Book Club“ во „Буква“!

Дали сакате да му се вратите на читањето, но немате време? Или можеби сакате да разговарате за тоа што го читате, ама немате со кого? Можеби пак сакате да бидете дел од еден малку поинакув книжевен клуб и да пробате нешто ново? Доколку ова ви изгледа интересно, „Волонтерски Центар – Скопје“ го организира првото издание на „Silent Book Club“ („Тивок книжевен клуб)“ што ќе се одржи на 22 јануари (среда) со почеток во 17 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Според најавата, за да присуствувате на настанот не ви е потребна специфична книга, односно нема конкретна книга во фокусот, едноставно дојдете со книга по ваш избор и подгответе се за читање. Според распоредот, настанот ќе започне со кусо запознавање на присутните, по што ќе следува време на тивко читање, што ќе трае еден час, кога присутните ќе можат да си читаат во тишина, по што ќе следува дискусија за прочитаното.

Доколку ова ви звучи интересно, не заборавајте да се регистрирате.

За повеќе информации посетете го офцијалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment