Македонска поезија: „Осаменица“ од Славко Јаневски!

На 20 јануари 2000 година почина легендарниот македонски писател и поет – Славко Јаневски. Во негова чест, денес читаме прекрасна македонска поезија и неговите стихови.

Осаменица – Славко Јаневски

Ни утрото не ѝ е придружник.
Во жилите ѝ легнуваат суводолици.
Сонцето од грло не ѝ пие белина
и пак врз градите жега ѝ се населува.

Смислува
и патува кон невратици
Нејзината сенка на камен без неа се сопнува.
Болката ѝ бега од прстите скршени.
Господи под тревите кој ќе ми е придружникот?
Семожнику, те прашува
и не ти верува.
До над чело се кренале ѕидишта.
Ако на еден пир ги повикаш необичните
сети се на неа.
А и Свети Никита голтарот не заборавај го.

*Славко Јаневски. Одбрани песни. Скопје: Мисла, 1982

Leave a comment