„Денови на литературата“ веќе стана традиционална акција на „Литература.мк“, каде попустите се испреплетуваат со книжевни настани па така и годинава не е исклучок. Од денес, па сè до 27 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе имате можност да купите книги по намалени цени, а можете и да учествувате во книжевните настани наменети и за најмалите, но и за возрасните.
Она што особено може да ги интересира купувачите и љубителите на книги е што доколку купите книги во вредност од минимум 1500 денари во која било од книжарниците, ви следува следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна, а меѓу подароците што може да ви се паднат со грепката се: комплети со книги од Петре М. Андреевски, Милан Кундера, Оливера Николова, Орхан Памук, Д-р Неле Карајлиќ, Блаже Конески, Барак Обама и Мишел Обама, серијалите Хари Потер и „Темната граѓа“, „Прва училишна енциклопедија“, „Мојата прва библиотека“, „Мали умни глави“, детски класици на англиски јазик, како и блузони, зимски капи и друго.
Што се однесува до попустите, може да очекувате попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 18 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Ид-концепт“, „Или-или“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Светот на Биби“, „Три“ и „Чудна шума“.
Дополнително, организаторите најавуваат и попусти до 70% на популарни наслови од нефикција, фикција и книги за деца ќе понуди „Арс Ламина“. За сите фанови на книгите на Зоран Спасов Ѕоф ќе има специјална понуда – комплет од петте негови книги: „И јас сум Сирма“, „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“ за вкупно 990 денари. На дел од книгите од „Или-или“ ќе има 50% попуст. Преостанатите издавачи ќе понудат 20% попуст на книгите.
Продажната акција „Денови на литературата“ ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“, во: „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје, во Битола (на „Широк сокак“) и во Струмица, како и на е-книжарницата www.literatura.mk.
Што се однесува до програмата за настани истата можете да ја погледнете подолу, а за повеќе информации околу самата акција и настани, следете ја официјалната страница на „Литература.мк“ на Фејсбук, како и нивниот официјален настан на Фејсбук.


