„Друштвото на писателите на Македонија“ штотуку ги објави добитниците на традиционалните годишни награди што ДПМ секоја година ги доделува и тоа во повеќе области.
Па оттаму, „Приказничар“ на Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“, се закити со наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување, додека во областа на поезијата, стихозбирката „Посвети и пофалби“ на Иван Џепароски, во издание на „Дијалог“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија.

(извор: Друштвото на писателите на Македонија)
Во областа на детската книжевност и делата за млади, „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски, во издание на „Светулка“, е книгата што ја доби наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади, а во областа на есеистиката, „Книжевни паметници“ на Наташа Аврамовска во издание на „Институтот за македонска литература“ се закити со наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга во областа на критиката или есеистиката
„Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“) од Гордана Јовиќ-Стојковска во издание на„Слово љубве“ е добитничка на наградата „Мост“ на ДПМ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија.
Според објавата на „Друштвото на писателите на Македонија“, свеченото доделување на наградите ќе се одржи во четврток, (13 февруари), кога ДПМ ќе одбележи и 78 години од своето основање.
Искрени честитки до сите добитици и добитнички!
